Од срце подаруваме - за сите деца ширум светот.

Мојата животна приказната која ме инспирираше да помагам
Еден од нашите клучни луѓе на Здружението ``Подари Живот`` г-ин Бернарди ја раскажува неговата вистинска животна приказна. Тој бил дете родено во Хрватска, кој живеел со своето семејство во градот Винковци. Градот Винковци се наоѓа на самиот североисток на Хрватска на реката Бошут. Тие се на само 20 километри од градот Вуковар, кој е седиште на Вуковарско-сремската жупанија. Турбулентното време на 90-те години во неговото место донесе војна. Поради сите хаоси што ги носи војната тој со своите најблиски одлучува да замине што подалеку од виорот на војната и заминуваат за Шпанија. Таму се дообразува, расте, работи и основа свое семејство. Но сите тие дожувања во војната како дете не ги заборава и со помош и соработка на Католичката црква во Шпанија тие основаат здружение кое ќе помага на сите дечиња од заедниците.
Најнови вести


