Првата програма ја креиравме за помош на дечињата од заедниците на кои им е потребена медицинска помош во соработка со болниците.

Помошта се состои од медицински апарати кои се од суштинско значење за детектирање на болести кај децата, апарати за рехабилитација и останати апарати кои се потребни за децата. Освен апарати, се трудиме да помогнеме при набавка на лекови и средства на дечињата од социјално загрозени семејства и дечиња кои немаат здравствено осигурување.

Знаеме дека од суштинско значење освен грижата на докторите е и помошта и подршката на најблиските во тешки моменти на дечињата .

POSTED BY Подари живот - Give Life | Јун, 17, 2023 |